Македонија 10. април 2020. / 10:11

Синдикатот на РЕК Осломеј донираше заштитни средства во болницата во Кичево

Синдикатот на РЕК Осломеј донираше заштитни средства во болницата во Кичево

Синдикатот на РЕК Осломеј донираше заштитни средства во Медицинскиот центар-Кичево. Донирани се 2.000 ракавици, 1.000 маски, 120 пакувања средство за дезинфекција и извршена е дезинфекција на просториите на болницата.

 

Синдикатот на РЕК Осломеј уште на почетокот на здравствената криза обезбеди заштитни средства и за вработените во комбинатот со цел превенција на ширење на корона вирусот, како што се маски, ракавици, дезинфекциони средства и дезинфекција на работните простории.

 

Набавени се и ласерски термометри за мерење на телесната температура на вработените при влез во термоелектраната, односно пред пристапување на работното место.