Македонија 25. декември 2019. / 14:08

Синдикатот на Клинички го поддржува протестот на административниот персонал

Синдикатот на Клинички го поддржува протестот на административниот персонал

Синдикатот на Клинички центар го поддржува протестот на административниот и помошно-техничкиот персонал, кој ќе се оддржи утре пред Министерството за здравство организиран од координативното тело на здравствената администрација.

-Синдикатот на Клинички центар на седницата на Советот одржана на 10.11.2019 година донесе одлука да се потпише Анекс на Колективниот договор за покачување на платите на докторите специјалисти за 25%, докторите со наставно звање за 20%, докторите по општа медицина 15%, здравствените работници со средно, више и високообразование за 10% и здравствените соработници за 5%, почнувајќи со февруарската плата во 2020 година.

Во таа прилика јавно истакнавме дека не сме задоволни што административниот и помошно-техничкиот персонал не се вклучени во ова покачување.

Во таа насока поради идентичните барања и заедничката цел заедно со Гранковиот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и координативното тело на здравствената администрација остваривме повеќе средби со Министерот за здравство на кое ги истакнавме нашите барања за покачување на платите на административниот и помошно-техничкиот персонал и изземање на здравствената администрацијата од Министерството за информатичко општество – се наведува во реакцијата на синдикатот на клинички.