Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром, Стефан Синадиновски, заедно со неколку свои сопартијци денеска беше уапсен од страна на полицијата поради наводно пишување на графит против премиерот Зоран Заев.
Целата драма го потресе Синадиновски, кој на Фејсбук сведочи за, спорд него, неправдата, која му беше нанесена.
– Денес на 27ми февруари, како претседател на УМС Аеродром, бев сведок на многу чудна ситуација.
Дури и бројот 27ми асоцира на неправда…
Неправда направена против мене и против сите нас!
Ова го објавувам 2 часа по излегување од П.С. Аеродром, каде бев приведен на информативен разговор, без притоа да бидам известен ЗОШТО ме приведуваат. Не сакам да коментирам и давам никакво мислење за службените лица кои беа на своите работни места и го работеа тоа што им е НАРЕДЕНО! – напиша Синадиновски на Фејсбук.
Тој го поставува прашањето дали беше уапсен затоа што е претседател на младите на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром. Синадиновски кажа дека не направил ништо противзаконски, а за оваа денешна ситуација побара одговорност.
Тој пишува дека ова апсење го вознемири него и неговото семејство.
– Ќе зборувам за мене и моите размислувања. После ова што ми се случи си поставувам многу прашања, а на ниту едно не можам да најдам одговор.
Дали ова денес се случи затоа што сум претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ, партија која е во опозиција?
Но, нели во едно слободно “едно општество за сите” секој може да си го каже своето мислење, нели треба да се сослуша и мислењето на опозицијата, на тој што мисли поинаку, нели треба да имаме јака опозиција да ја тера партијата на власт конструктивно за работи…Многу нели, нели… ама јас денес завршив во П.С. Аеродром. Ништо лошо не сум направил … или бар јас така мислам… НЕКОЈ ТРЕБА ЗА ОВА ДА ОДГОВАРА!
Многу сум вознемирен, вознемирено е и моето семејство, моите најблиски….
Зошто ни се случува ова?
Некој сака да не замолчи?
Некој сака да ми препише мене работи кои не сум ги направил?
Некој сака да ми го обои шарено моето досие?
Некој ми прави сопки во мојот живот, кој штотуку започнал?
…. МИЛИОН ПРАШАЊА, А НЕМАМ ОДГОВОР за ниту едно од нив…
Само знам едно:
И понатаму ќе бидам
МАКЕДОНЕЦ му се допаѓало тоа на некого или не.
И понатаму ќе бидам член на ВМРО ДПМНЕ и нема да го кријам тоа!
И понатаму ќе размислувам со своја глава, ќе го кажувам своето мислење кое можеби е поинакво од нечие друго, ќе се борам за моите права за подобар живот како млад човек, ќе чекорам гордо со чист образ и за крај ќе кажам само едно:
Влеговме во НАТО, чекаме влез во ЕУ….
Ве молам прво да ги донесеме европските закони, нека завладеат во МАКЕДОНИЈА!Не ја уништувајте младината!
Ако си замине од МАКЕДОНИЈА на кого ќе демонстрирате сила!?
Јас не сум виновен што сум МАКЕДОНЕЦ, јас се гордеам со тоа. Јас сакам мојата земја да чекори по пат по кој одат мои врсници во светот во земји кои ја почитуваат својата младина и го слушаат нејзиниот повик за помош и помагаат, а не се прават глуви и ги замолчуваат.
Тоа нема да го дозволам!
Продолжувам понатаму!
Уште посилен, порешителен и поистраен!Друга алтернатива немам, ни јас ни сите млади! – напиша претседателот на УМС Аеродром.