Поддршка за европските интеграции на Македонија денеска во Стокхолм изрази премиерот на Кралството Шведска Стефан Лофвен на средбата премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Лофвен констатирал дека нашата земја направила видлив реформски прогрес во делот на правосудството, борбата против корупцијата, добрососедските односи и дека тоа треба да биде вреднувано со исчекор во евроинтеграциите.
Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев и вицепремиерката Шекеринска се заблагодариле за постојаната поддршка на демократските и на сите клучни политички процеси за напредокот на Република Северна Македонија.
-Работиме на реформите и понатаму со став дека европските перспективи за нас како држава немаат алтернатива. Во очекување сме и на заокружување на НАТО интеграциите. На нашата држава, како и на Западен Балкан и на Европа им се потребни стабилност, просперитет и развој. Потребна им е одржливост. Тоа се процеси во коишто Шведска дава водечки придонес за што сме благодарни“, порачал Заев на средбата со шведскиот премиер Лофвен.