За жал, со тебе не треба да замислуваме. Гледаме, живееме…Пола партија ти е во изолација, а ти правиш споредби. Држи се до статистика и реалност! Овие бројки не се кажуваат, забораваат, па негираат. За среќа, Македонија стекна колективен имунитет од вирусот наречен заевизам, напиша на нејзиниот фејсбук-профил професорката Гордана Силјановска Дафкова.
Таа во нејзината објава го сподели видеото од вчерашната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Зоран Заев во која тој образложи како би изгледало справувањето со Ковид-19 доколку ВМРО-ДПМНЕ е на власт, претпоставувајќи дека сите институции би биле под палката на неодговорни функционери, посочувајќи го како пример министерот за внатрешни Наќе Чулев.