Македонија 24. April 2019. / 18:41

Силјановска: Во ЕУ се оди без корупција и криминал

Силјановска: Во ЕУ се оди без корупција и криминал

Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, се огласи на социјалните мрежи.

– Во ЕУ се оди и датум за преговори се добива само со безпоштедна битка со корупцијата и криминалот, со непотизмот, само и само на крилјата на владеење на правото. Во таква демократија корист ќе имаат и младите и возрасните и сите кои се за Македонија како европско место за живеење-напиша професорката Силјановска Давкова.