Уставниот суд пропушти една огромна шанса да учествува во демократизацијата на политичкиот систем на Македонија. Ова во вечерашното интервју за „Само вистина“ на „Канал 5“ го изјави универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова.
-На Уставниот суд му е потребен закон за Уставен суд, нема земја на планетава што има Уставен суд, а нема Закон за уставен суд во коишто ќе се регулираат прашањата, вели таа.
Таа вели дека треба да се посвети внимание и на критериумите за избор на уставни судии коишто се таму главно по политичка заслуга.
Уставниот суд треба да е многу активен како што требаше да постапува по Преспанскиот договор, вели Силјановска Давкова.
– Ако соопшти Државната изборна комисија дека референдумот е неуспешен, тој може да биде каков сака, нека го викаат консултативен, претходен, дополнителен, мораа да бидат исполнети два услови, мнозинство од излезените да гласале за, под услов да излегле повеќе од 50-тина проценти, по Законот за референдум во рок од 60 дена собранието и сите останати органи мора да ги усогласат своите акти и активности со референдумската одлука, тие тоа не го сторија, вели таа.
Професорката вели дека нашиот Уставен суд најмалку постапувал во регионот особено во заштитата на човековите права и најчесто се прогласува за ненадлежен за да и удоволи на власта.