Македонија 14. мај 2019. / 10:13

Сиљановска: Тони Блер зема одмор кога му се роди четвртото дете, Заев се измори од претседателската кампања

Сиљановска: Тони Блер зема одмор кога му се роди четвртото дете, Заев се измори од претседателската кампања

Професорката Гордана Силјановска Давкова во своето вчерашно гостување на една телевизија го искоментира одморот на премиерот Зоран Заев. Таа истакна дека Заев како најактивен во претседателската кампања се изморил и самиот си дал одмор.

Ова не беа парламентарни, туку претседателски избори ама премиерот беше најактивен па реши по завршувањето да си даде одмор. Тој сам лично си дава одмор. И претходно си даде одмор. Паметам еден премиер кој си даде одмор кога му се роди четвртото дете. Тони Блер како одговирен родител сами си даде одмор оти сакаше малку да му се посвети на бебето, рече професорката Силјановска.