Носителот на изборната единица 1 на ВМРО -ДПМНЕ и Коалицијата „За Обнова на Македонија“ проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, присуствуваше на промоција на книга „Македонскиот јазик – континуитет во простор и време“, пред платото на МАНУ.
На промоцијата Силјановска-Давкова даде поддршка на македонските лингвисти кои се обединуваат за да дадат вистински аргументирани и научни одговори за континуитетот и еволуцијата на македонскиот јазик, а и за неговото место во меѓународната славистика и лингвистика.
Присуствував на промоција на четири капитални изданија за македонскиот јазик на платото пред МАНУ. Делата деновиве излегоа од печат на иницијатива на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и со целосна поддршка и вклученост на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Советот за македонски јазик. Треба да ги подржиме македонските лингвисти кои се обединуваат за да дадат вистински аргументирани и научни одговори за континуитетот и еволуцијата на македонскиот јазик, а и за неговото место во меѓународната славистика и лингвистика. Конески не учеше дека јазикот е нашата татковина. Тоа е целиот идентитет во еден крик, во една мелодија. Со Обнова за Македонија ќе го зачуваме – истакна Силјановска.
Силјаноска на промоцијата додаде дека таа и ВМРО-ДПМНЕ се обврзуваат на зачувување и развој на културата, македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Исто така истакна дека се обврзуваат на поддршка на македонските лингвисти и зачувување на македонскиот јазик.