По завршувањето на партиската Конвенција во Струга, на која Гордана Силјановска со 408 од 519 гласа беше избрана за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, таа одговараше на новинарски прашања од кои во едно беше побарано нејзин коментар за тоа дека Конвенцијата е фарса и дека е однапред била избрана.
– Јас сум во принцип демократ и се борам за слободно изразување и слободна волја. Не прифаќам лажни избори ако не се демократски. Ако беше така немаше да се пријавам. – одговори професорката, пренесе Макфакс.
Посочи дека и е јасно оти доколку немала партија зад себе ќе била, како што рече, политичка манекнка и им се заблагодари на ВМРО-ДПМНЕ што застанале зад неа како независен кандидат.
Силјановска беше прашана и за тоа дали би прфатила понуда од СДСМ за консензуален претседател.
– Ако ме сакаат за консензуален претседател, не е проблем ќе прифатам. Но, она што тие го протежираат за консензуален, за мене не е исто. Зад консензуален претседател стојат независни граѓани, а не поеднци и политачари на кои им треба таков профил на кандидат. – одговори таа.
Рече дека не и било проблем да собере и 10.000 потписи и да побара поддршка и од други партии и од невладини организации зошто сака за неа да гласаат како за човек и граѓанин, а не како за некој наметнат политички профил.
Прашана дали ќе се заколне под химната на Република Северна Македонија и дали ќе го прифати ова име на државата, Силјановска вели дека не е политичар, туку професор и дека за тоа прашање има свој став кој е познат во јавноста. Посочи дека доколку нејзивниот став се совпаѓа со партискиот, во тој случај ќе поддржи политичка одлука.