Македонија е се што тие немаат, ама Македонија е се што ние имаме. Велат дека сме ве носеле во 19-ти век во времето кога сите мислители истакнувале дека секоја нација си има право на своја држава. Ние кога ја слушаме химната се идентификуваме со неа, со историјата на нашиот народ, а тие како да се срамат и плашат од неа. Срамота.
Ова го истакна кандидатот за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова на митингот во Гостивар.
Нивната филозофија е составена од 3 збора- кажувам, заборавам, негирам. Ние она што го кажуваме, го помниме, го повторуваме и го спроведуваме, рече Силјановска.
Гласот за мене на овие избори, ќе значи глас за правдата за Македонија, порача Сиљановска.
Може да смените сè, ни татковината никогаш, порача од Гостивар, Силјановска.
Умниот Џорџ Бернард Шо еднаш рекол: „Може да смените облека, но татковина никогаш не може да смените. Треба да победиме на избори да ја делегитимираме власта, да отвориме пат за парламентарни избори за ново мнозинство, рече претседателкиот кандидат.