Македонија 16. февруари 2019. / 19:10

Силјановска: Јас многу сум добила од Македонија – сега е време и јас да и вратам за тоа!

Силјановска: Јас многу сум добила од Македонија – сега е време и јас да и вратам за тоа!

Професорката Гордана Силјановска Давкова, со 408 гласови „за“ е избрана за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ми паѓа на ум што велеше Кенеди кога го избраа, вика: ‘многу сум добил од Америка’. Јас многу сум добила од Македонија! Сега е време и јас да и вратам за тоа! – потенцира Силјановска во победничкиот говор.

Инаку делегатите на денешната Конвенција имаа можност да ги слушнат сите деветмина пријавени кандидати, по што пристапија кон гласање за еден од нив.

Кандидати беа: Никита Шекутковски – професор, Ѓорѓи Манасков – претседател на Стопанска комора за енергетика, Васко Костов – фармацевт, Влатко Ѓорчев – пратеник, Гордана Силјановска – професор, Илија Димовски – професор во пензија, Филип Петровски – ексдиректор на Архив, Горан Ангелов – директор на „Дрисла“ и Сашо Кутлешовски – професор.