Македонија 23. април 2019. / 09:45

Сиљановска до Заев: Народот ќе ви ја испорача „метлата“ на 5 мај

Сиљановска до Заев: Народот ќе ви ја испорача „метлата“ на 5 мај

Се чудам од каде смрдеше рибата?! Народот ќе ви ја испорача „Метлата” на 5 мај!, напиша на Твитер Гордана Сиљановска-Давкова како реакција на изјавата на премиерот Зоран Заев дека ја примил пораката од народот и ветувањето дека по изборите ќе има чистки и во локалната и во централната власт.

 

Кандидатката за претседател на Македонија на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска вели дека политиката мора да се врати во рамките на правото.

Само ако законите се во согласност со Уставот и ако тие се применуваат подеднакво за сите нас, може да ја вратиме довербата во институциите, напиша на Твитер.