Силен земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на Филипини.
Како што соопшти Медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) земјотресот бил на длабочина од 122 километри.
ЕМСЦ првично соопшти дека земјотресот бил со интензитет од 7,2 степени според Рихтер.
За сега нема инфорамции за евентуални жртви и причинета материјална штета.