Македонија 06. април 2020. / 18:46

Сијарто: Не е важно што Заев мисли за Унгарија

Сијарто: Не е важно што Заев мисли за Унгарија

Министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сјарто беше запрашан за постојаните забелешки на поранешниот премиер Зоран Заев дека Унгарија е диктаторски режим и дека Виктор Орбан е диктатор. На тоа шефот на дипломатијата имаше подготвен одговор.

Навистина не е важно што Заев мисли за ситуацијата во Унгарија бидејќи не е Унгарец. За нас е битно што унгарските граѓани мислат за состојбата во Унгарија.Внатрешната состојба е таква што ние победивме со двотретинско мнозинство и оттука внатрешните работи на Унгарија се внатрешно прашање“, порача Сијарто.