„Историја немате“ и „Етничка Албанија“ се само дел од скандирањата кои се слушнаа во салата на Македонскиот народен театар 40-та секунда од видеото, каде со истакнати транспаренти и развиено албанско знаме прославуваше навивачката група „Шверцери“.
Засега, како и по обичај, одговорноста сè уште се префрла од една институција до друга.
На настанот претодно присуствуваше и премиерот во заминување Зоран Заев, кој вели државната прослава за 111 години од Денот на албанската азбука, била поделена во два дела.
Едниот беше културна манифестација, вториот дел испадна дека не била баш културна манифестација, вели премиерот во заминување.