Серијата „бомби„ што се појавија на социјалните мрежи целосно ја разобличија перверзната политика, начинот на владеење и бескрупулозноста во остварувањето на политичките цели на екс-премиерот, лидер на владејачкиот СДСМ и претендент за нов мандат, Зоран Заев, во остварувањето на неговите политички цели. Притоа, не ги има поштедено ни неговите соборци во делот на т.н. Шарена револуција или невладиниот сектор, народот во целина, без разлика на неговата етничка припадност, и уценетите политичари од претходната владина гарнитура, кои сега, се покажува, станале најблиски негови соработници.
Од која „бомба“ и да се почне, како заеднички именител може да се издвојат констатациите дека за цело време на своето владеење го е*ел својот сопствен народ од кого сега бара глас на изборите, неговите пајташи, кои го доведоа на власт, т.н. „шарени револуционери“, кои фрлаа кондоми по институциите на системот, ги претвори во вистински политички кондоми за еднократна употреба, а со довчерашните први луѓе на т.н. „режим“, што се фалеше дека го „срушил“ со пенкало, цело време се пазарел и коалицирал за уривање и злоупотреба на правосудниот систем на државата.
Ако се следи редоследот на бомбите може слободно да се види и заклучи дека вулгарното потценување на народот и сексот со него не било ни малку случајно. Зашто, како такво може да се смета ако на човек еднаш му излезе од уста по два часа и седумнаесет минути минати во кафеана. Ама, кога тоа двапати ќе го стори иста личност, па било да станува збор и за екс-премиер во лик и дело на Зоран Заев, тогаш веќе нема случајност, туку тенденција и искрено мислење, за што, пак, не помага никакво извинување или оправдување.
Секој обид за правдање или повторно прифаќање на неговите размислувања би бил чист мазохизам за сите граѓани во државата, без оглед на нивната етничка или било каква друга припадност.
Не случајно Алберт Ајнштајн еднаш рекол дека дефиниција за безумие е „да го правиш или повторуваш истото одново и да очекуваш различен резултат“. Основното прашање е дали граѓаните ќе смеат да си дозволат да манифестираат безумие или едноставно тоа ќе му го препуштат на Зоран Заев, кој е потполно потонат во неговите бескрајни глупости.
Заев се пофали дека во својата коалиција ќе соберел и шуто и рогато, па потоа на сите ќе им го е*ел мамето мамино. И кажано-сторено.
Можеби искрената желба на целиот невладин сектор манифестиран низ паролата „нема правда, нема мир„, од оваа временска дистанца излегува дека Заев ја злоупотребил само за негово преземање на власта, а не за искрена желба за реформи во правосудниот систем и постигнување на правда и мир за сите. Затоа сега вели дека решавањето на проблемите во правосудството ќе ги решавал во вториот мандат.
Очигледно лажните ветувања на Заев немаат допирна точка ни со либерализмот, ни со правдата, ни со мирот. И тоа го манифестираше со селективната амнестија за настаните од 27 април, под обландата за некакво меѓу и интра етничко помирување. Напротив, се покажа дека првадата на Заев важела само за оние, кои ќе му послужат како марионети во постигнувањето на целта за промена на името на државата и Уставот.
За жал, „бомбите“ покажаа и докажаа дека Заев ги злупотребил и искористил т.н. „шарени револуционери“, а со тоа го дискредитирал и девалвирал целиот невладин сектор, кој треба да биде основа во преговорите со ЕУ. Притоа, прифатиле или не, неспорен е фактот дека Заев на нивна сметка им дал предност на оние кои до вчера отворено ги именуваше како криминалци во редовите на ВМРО-ДПМНЕ и основа на т.н. „режим“, а против кои се бореа и го имаа насочено целиот свој револт и гнев.
И во таа борба со т.н. „режим“, Заев и неговата компанија стигнаа до ситуација да не знаат дали го „срушиле“, дали се уште постои и се бори против него како со ветерници. А, додека го оценат тоа, тие веќе изградија свој режим, што се потврдува со чистата злоупотреба на безбедносните служби за политички цели, со што се кршат сите основни елементарни човекови права и слободи.
„Бомбите“ само го потврдуваат тоа што беше изнесено во судница за време на судењето за случајот „Рекет“. Самото постоење на некогашното СЈО и сите негови предмети биле отворено политички злоупотребени и укинувањето на институцијата, која требаше да донесе првда и мир во општеството и државата, покрај алчноста на шефицата Катица Јанева, се должи на отвореното пазарење на Заев со криминалот и корупцијата.
Третиот сегмент е односот на Заев спрема Албанците. И тука најдобри оценки дадоа дипломатот Арсим Зеколи и актерот Вилдан Максути.
-Што е изненадувачко во гнојот на Заев? Кој нормален очекувал од човек, кој си го мрази сопственото, своето, родот свој да го почитува туѓото?, ќе напише Зеколи.
-Човече, ти немаш љубов кон вашите, па камо да имаш љубов кон Албанците!, ќе додаде меѓу другото Максути.
Чистиот спин на Зоран Заев околу неговата оценка дека гласот на Албанците не вреди ни пет пари да го префрли на личен став само кон ДУИ, е обична дупка во вреќа.
Од снимките јасно се слуша дека не мисли на ДУИ, туку на сите албански гласови. Што, пак, го прави концептот „Едно општество за сите“ само гола, со ништо непоткрепена фраза.
Прешалтувањето на Заев кон ДУИ ја исфрла на површина голата уцена на која е изложена партијата и нејзиното раководство. За жал, на ДУИ сега и се случува истото, што и се случуваше на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите четири години. Уценети политичари секогаш се најдобра мета за постигнување одредена политичка цел.
Но, ДУИ е само дел од целата игра на Заев со гласовите на Албанците. Тој многу добро знае дека не може да смета само на гласовите на понижените Македонци, па затоа јуриша на албанските гласови. Самите обични Албанци, а не криминалното и политичко подземје кое доаѓа од нивните средини, се единствени кои треба да одлучат дали и натаму можат да имаат доверба во Зоран Заев или ќе извлечат поуки од тоа што тој им го направи на Македонците. Ако сметаат дека во изминатите три години им се подобрил нивниот обичен, секојдневен живот, тогаш имаат некаков свој аргумент в рака. Во спротивно, и тие ќе бидат дел од дефиницијата за безумие на Ајнштајн, а да не го споменуваме она е*ем ти таков народ.