Македонија 26. ноември 2020. / 15:32

Штип се подготвува за избори: Формирани избирачките одбори за затворите и болните

Штип се подготвува за избори: Формирани избирачките одбори за затворите и болните

Општинската изборна комисија од Штип ги подготвува решенијата за членовите на избирачките одбори.

Покрај избирачките одбори за ковид пациентите и за гласачите во изолација, се формираат и пет избирачки одбори за казнено-поправните установи со цел осудените лица да го остварат своето право на глас.

-Наша задача е и петте затвори да бидат покриени со избирачки одбори, каде што ќе гласаат осудениците на 12 декември, еден ден пред првиот изборен круг – вели претседателката на Општинската изборна комисија, Сенка Андреева.

Како што информира Андреева, пријавувањето за остварување на правото на глас за болните и немоќни лица почнува од понеделник, а завршува на 5 декември, кога ќе имаат и дежурна екипа до полноќ.

-Отворена е и апликацијата за оние кои сакаат да гласаат, а се во изолација или се позитивни на коронавирусот. Знаеме дека добиваат решенија од Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Потребно е само да го скенираат тоа решение и да потполнат изјава и тоа го праќаат електронски – вели Андреева.