Граѓаните во Штип, Крива Паланка, Кратово, Петровец и околните општини денес масовно излегоа и го дадоа својот потпис за иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ со цел поништување на законот за попис и негово одлагање, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Народот нема да дозволи фалсификат попис по мерка на Заев по однапред договорени бројки.
Заев мора са сфати дека пописот е статистичка операција од значење за државата, а не предмет за поткусурување.
Македонија има потреба од попис кој ќе ја содржи реалната слика, од кој институциите ќе црпат податоци и ќе може да се креираат програми на среден и долг рок, истакнуваат од партијата.
Пописот каков што Заев го замислува е само за негова лична корист. Граѓаните ја испратија пораката.
Не за фалсификат попис, додаваат од таму.