Македонија 01. февруари 2019. / 18:33

Штајнмаер во телефонски разговор со Заев: Договорот од Преспа е од историска важност за Македонија и за Европа

Штајнмаер во телефонски разговор со Заев: Договорот од Преспа е од историска важност за Македонија и за Европа

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев имаше телефонски разговор со Претседателот на Сојузна Република Германија, Франк Валтер Штајнмаер, во кој заеднички ја констатираа и потврдија историската важност на Договорот од Преспа, како за нашата земја така и за регионот и Европа, информира владината служба.

„Премиерот Заев се заблагодари на Претседателот Штајнмаер за поддршката којашто Сојузна Република Германија ја пружи за време на целокупниот процес на создавање на Договорот од Преспа, како и за поддршката која Претседателот ја дава за ратификација на протоколот за членство на нашата земја во НАТО.

Претседателот Штајнмаер во разговорот ги поздрави дипломатијата и дипломатскиот пример кои премиерот Заев ги дава за регионот и за Европа, оценувајќи ги како прогресивна вредност за целиот свет“ се додава во соопштението.