Шпанскиот амбасадор во САД, Сантиаго Кабанас, синоќа во Стејт департментот се сретна со заменик државниот секретар Филип Рикер и го предаде оригиналниот документ на ратификација од Пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО.
Документот неделава беше изгласан во Сенатот и потпишан од кралот на Шпанија Фелипе Шести.
-Добредојдовте во семејството на НАТО, порача амбасадата до македонското МНР синоќа во соопштение на Твитер.
?? Ambassador Santiago Cabanas presenting the Instrument of Ratification for North Macedonia ?? to join #NATO, signed by H.M. King Felipe VI, to ?? @StateDept Assistant Secretary Philip Reeker today.
Welcome to the @NATO family, @MFA_MKD!#WeAreNATO #RNM pic.twitter.com/TNVCaJW14F
— Embassy of Spain USA (@SpainInTheUSA) March 19, 2020
Стејт департментот сега треба да ги извести сојузниците дека сите земји членки на воената Алијанса ги депонирале ратификациите во Канцеларијата за меѓународни спогодби. Откако ќе добие писмо од генералниот секретар Јенс Столтенберг, тоа треба да го стори и Македонија, по што нашата земја и официјални ќе стане 30. земја членка на НАТО.
Во меѓународното право, САД се јавуваат во својство на депо каде се депонираат и чуваат оригиналите на сите меѓународни договори.
Во архивите на Канцеларијата за меѓународни спогодби при Стејт департментот, на пример, депонирани се оригиналните текстови на Повелбата на Обединетите Нации или Статутот за Меѓународната агенција за атомска енергија. Меѓу овие значајни историски документи за првпат ќе се најде и документ за независна Македонија, ратификацијата за членство на земјата во НАТО.