Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, во вестите на Сител тв зборуваше за новогодишното украсување на градот и за тоа зошто е (не)оправдана одлуката, покрај препораката да не се излегува од дома по 18 часот.
„Имавме политичко лицемерие во обид на опозицијата да наметне тема којашто не постои. Декември е месец на Нова година, влегуваме во тој период од годината е нешто што ни треба на сите. Особено пораките шт секогаш си ги праќаме ,ти посакувам добро здравје’, годинава ќе имаат суштина и содржина. Мислам дека во немоќта на опозцијата да одговори на градските политикикои јас ги водам се обидуаат со црна кампања да ги оцрнат и наметнаа лажна тема или дилема“, одговори Шилего на прашањето дали станува сега беспредментно трошењето на 200 илјади евра за украсување на градот затоа што плоштадот ќе го видаѕ само оние кои нема да ја почитуваат препораката да не се излегува од дома по 18 часот.
На посочениот пример дека Куманово, чиј градоначалник е Максим Димитриевски од редовите на СДСМ ги пренамени средствата, тој рече дека не сака да звучи грубо, но појасни дека никаде во светот прашањето дали градовите треба да бидат во новогодишен амбиент не е тема.
Шилегов се надоврза и зборуваше за училишната настава дали ќе биде онлајн или со физично присуство тој и гогаш кажал дека Градот Скопје обезбедил 548 средства за електронска комуникација за деца на кои тоа им било потребно, над 70 домакинства добиле поквалитетен интернет, а 68 ученици на псмен начин ја следат наставата поради неможност да се спроведе интернет.
„Тоа што некои градоначалници беа неспособни, да тоа го обезбедат во текот на септември и сега се кријат со популизмот, па макар биле и мои сопартијци, и сега глумат лудило пред сопстеванат јавност дека обезбедуваме компјутери затоа не украсуваме. Тоа е неспособност на дотичниот градоначалник да ги обезбеди компјутерите на време“, рече Шилегов, алудирајќи на градоначалникот на Куманово, Димитриевски.