„На многу пат сме од пред две години. Успеавме полека, полека, чекор по чекор, Скопје да го претвориме во успешна приказна. Најдоброто допрва следува. Покажавме дека не беше залудна бробата за промени“. Со овие зборови, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, го почна говорот во спортскиот центар „Борис Трајковски“, на завршниот настан од караванот на СДСМ, наречен „На прав пат“.
Шилегов во говорот се пофали дека системски почнале да ги решаваат проблемите кои со години биле ставани под тепих.
За две години презедовме 28 мерки кои видливо го намалуваат аерозагадувањето. Инспекциите се засилени за загадувачите“, рече тој и додаде дека 13 од 23 средни училишта имаат енергетски фасади, Градот дал субвенции за оџачари, за набавка на инвертери, велосипеди, го обвновиле зеленилото во Градот, а градските улици и булевари се граделе побрзо и подобро од порано.
Ми викаат многу работиш не ти чини пиарот, не знаеш да се фалиш. Ние не се фалиме, затоа што за нас тоа е редовна работа. Поважно од улиците, булеварите и објектите, Скопје се луѓето, Скопје е секој од нас што не е присутен во оваа сала, рече Шилегов и кажа дека нема да дозволат Скопје да се врати, во како што рече, црното минато.
Претходно со скандирање „Зоки, Зоки“, присутните членови и симпатизери на СДСМ, го поздравија лидерот на партијата, Зоран Заев, кога влезе во спортската арена „Борис Трајковски“, по што следуваше интонирањето на химната. Присутните во салата по повикот на водителката ги кренаа картичките на кои пишуваше „На прав пат“, по што следуваше музичко-сценски перформанс.