Македонија 03. јуни 2019. / 12:49

Шилегов: Се гледаме вечерва на градскиот плоштад “Македонија”, да ги пречекаме нашите европски шампиони

Шилегов: Се гледаме вечерва на градскиот плоштад “Македонија”, да ги пречекаме нашите европски шампиони

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и официјално потврди дека вечер ќе биде организиран пречек на РК Вардар на на градскиот плоштад “Македонија”

По мое барање и предлог, советот на Град Скопје ќе гласа ракометарите на шампионскиот Вардар да бидат донесени дома со посебен чартер лет, финансиран од Град Скопје!

Поаѓаат од Келн попладнево во 16.30. Слетуваат во Скопје во 18.50.

Да ги пречекаме достоинствено нашите европски шампиони. Без делби и поделби.

Спортот обединува.

Се гледаме вечерва на градскиот плоштад “Македонија”, напиша Шилегов на Фејсбук.