Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов ја негира веста објавена на ,,Лидер” дека во дворот на неговата викендичка во Маврово се користени гранитни плочки од депоата на Град Скопје.
Информациајта што ја шири тој портал е обична лага, класична дезинформација со цел да се дефокусира јавноста од процесите на европеизација на Македонија, бидејќи јас сум еден од фронтмените на СДСМ и сметам дека таквите напади не се ништо друго туку обид да се изедначиме сите во политиката – рече Шилегов, кој посочи дека во објектот нема гранитни плочки.
,,Лидер” направи екслузивни фотографии од луксузната вила Шилегов во Маврови Анови, каде се гледа дека во дворот на истата се реди гранитна коцка, која што според информациите кои дојдоа до нас, е коцка од депоата на град Скопје, а која била извадена од Плоштад и улица Македонија.
Повеќе од 24 часа чекаме одговор на информацијата која ја побаравме од Град Скопје, но за жал сеуште нема никава реакција.
Вчера за да се потврди информацијата телефонски разговаравме со портпаролот на Град Скопје, Валон Салиху, кого го прашавме дали вилата на Петре Шилегов во Маврови Анови, во нејзиниот двор се реди со гранитна коцка, од депоата на град Скопје, која била извадена од плоштадот и улица Македонија.
Валон ни рече дека е на одмор и ни прати мобилен телфон од извесен Влатко и e-mail за контакт со медиуми. Но Влатко не одговори на нашите телефонски повици, а не ни врати ниту е-mail со одговори на нашите прашања. Исто така не ни беше дозволено ниту да направиме слики во депото од град Скопје и да провериме дали таму уште стојат коцките што биле извадени од плоштадот и улица Македонија.