Ракометарите на Вардар попладнево во 18.50 часот ќе слетаа во Скопје. Град Скопје за ракометарите обезбеди чартер лет за кој од буџетот ќе бидат одвоени 39.500 евра.
Како што најави градоначалникот Петре Шилегов на Плоштадот Македонија ќе се организира дочек на ракометарите за што се одвоени 2 милиони денари, а ракометарите од Градот ќе бидат наградени со 6 милиони денари.
Ракометарите на Вардар вчера по вторпат ја освоија титулата европски првак откако во финалето на завршниот турнир во Келн го совладаа Веспрем со 27:24, во ситуација кога повторно, како и пред две години, им беше давана етикета на аутсајдер.
За потсетување претходно се појавија информации дека Вардар ќе пристигне во Скопје во 16:15 часот, но очигледно во 18.50 часотдефитивно Вардарци ќе пристигнат во Скопје.