Македонија 28. април 2020. / 15:41

Шест новопочинати лица и 22 новозаболени од корона вирусот

Шест новопочинати лица и 22 новозаболени од корона вирусот

Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања, со што вкупната бројка до сега достигна 1.421 заболени, изјави на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче..

Денеска се регистрирани 36 оздравени пациенти, но за жал шест пациенти се починати. Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања и 22 нови случаеви, со што вкупната бројка до сега достигна 1.421 заболени. Петмина пациенти се примени на Инфективна, а тројца во болницата „8 Септември“, изјави на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

– Во петок, сабота и недела, за деновите од празникот ќе биде дозволено движење од 5 часот наутро до 14 часот, изјави Филипче.

Според него, ова е доволно време за граѓаните да прошетаат или да пазарат, но нагласи дека мора да се носи заштитната маска и да се држи дистанца од два метра.