Македонија 11. април 2020. / 14:49

Шест нови случаи на корона вирус во Штип, од нив тројца здравствени работници

Шест нови случаи на корона вирус во Штип, од нив тројца здравствени работници

Во Штип се регистрирани нови шест случаи позитивни на корона вирус, од кои тројца се здравствени работници од штипската Клиничка болница, информираше кризниот штаб на Општина Штип.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев потврди дека резултатите се позитивни за болничар, медицинска сестра и еден лекар специјалист, кој не е од Инфективното одделение.

Во Штип по случајот со 80 годишната жена, која во вторникот ја загуби битката со корона вирус, а беше примена со негативен тест и дијагноза бронхопневмонија позитивни на коронавирус се вкупно четворица здравствен работници. Негативни се тестовите за  пет медицински лица од Инфективното одделение, а за остантите шест се чекаат резултатите да пристигнат во текот на утрешниот ден.