Македонија 19. февруари 2020. / 23:13

Шекринска: Нашите листи за пратеници ќе покажат колку државата се менува

Шекринска: Нашите листи за пратеници ќе покажат колку државата се менува

Заменик-претседателката на СДСМ и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, смета дека искуството од претседателските избори, кои биле во позитивна атмосфера во однос на тие од 2014 се добра шанса за демократска, фер и позитивна кампања.

Шекеринска најави дека листите за пратеници што ќе ги предложат ќе покажат колку државата се менува и ќе бидат застапени и мажи и жени.

Нема да ја имаме машката политика на ВМРО-ДПМНЕ. Во листите ќе бидат претставници на сите етнички заедници. И многу ќе зборуваме за корупцијата и за криминалот и за оној што се откри и за оној што сè уште не е откриен, а ќе зборуваме многу и за економијата.  Дискутираме со широк круг партии, мислам дека повторно ќе имаме голема коалиција како и претходните пати – изјави Шекеринска.