Македонија 12. мај 2020. / 09:49

Шекеринска во посета на касарната пренаменета за Командата на Бригадата на Југоисточна Европа

Шекеринска во посета на касарната пренаменета за Командата на Бригадата на Југоисточна Европа

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе изврши увид во активностите што се изведуваат на објектот во касарната „Боро Менков“ во Куманово наменет за Командата на Бригадата на Југоисточна Европа – „SEEBRIG“.

Во објектот во Куманово во изминатиов период се врши комплетна реконструкција и адаптација со цел непречено функционирање на командниот тим во наредните шест години.

Од август годинава, земјава ќе биде домаќин на седиштето на Командата на „SEEBRIG“ – Бригада на Југоисточна Европа.

„SEEBRIG“ претставува најзначаен и најкомплексен проект во регионалната Иницијатива за соработка на Југоисточна Европа на полето на одбраната. Бригадата е формирана во 1999 година со претходно потпишување на договор во Скопје од страна на министрите за одбрана на нашата земја, Грција, Турција, Романија, Бугарија и Албанија.