Македонија 04. мај 2020. / 16:23

Шекеринска: Штом епидемијата даде шанса да организираме избори, тоа треба да го направиме

Шекеринска: Штом епидемијата даде шанса да организираме избори, тоа треба да го направиме

Врвна одговорност е државата да обезбеди целосно функционирање на своите институции и да се подготви за вториот бран на епидемијата. Веднаш штом ќе се создадат услови, штом епидемијата ќе даде шанса да организираме избори, тоа треба да го направиме, порача денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

-Одлуката ќе ја носиме низ консултации. Не сакаме државата да влезе и во вториот бран на можната епидемија во втората половина на годината без Собрание и без целосно функционални институции во полн капацитет. Затоа сметаме дека се неопходни избори, изјави Шекеринска во одговор на новинарско прашање по полагањето цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје по повод 117-годишнината од смртта на македонскиот револуционер.