Македонија 14. јуни 2019. / 17:08

Шекеринска: Реконструкцијата на Владата ќе се случи во една од следните две седници

Шекеринска: Реконструкцијата на Владата ќе се случи во една од следните две седници

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, најави дека реконструкцијата на Владата ќе се случи во една од следните две седници на Влада, поточно овој или следниот вторник.

Факт е дека успеавме на последните избори по прв пат да имаме мнозинство во локална власт, Влада, но и претседател. Но факт е дека и еден дел од прашањата покренати во јавноста чинеа изгубена доверба. Рековме нема да се лутиме на медиумите, туку ние ќе се промениме, затоа ќе се случи реконструкцијата и ќе опфати дел од министрите и избраните фукцкионери – рече Шекеринска во емисијата „Патот до“ на Алсат.