Не го креваме веќе телефонот на судии и на обвинители да им кажеме што да прават. И пораката од почетокот на владата беше иста – За секој мора да важи законот, вели вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во интервју за Радио Слободна Европа.
– Случајот Рекет и сите истраги поврзани со тоа покажаа дека навистина никој не е над законот, рече Шекеринска.
Во врска со барањето на ВМРО-ДПМНЕ од Јавното обвинителство да испита што Шекеринска барала во домот на Бојан Јовановски, министерката вели дека обвинителството може да истражува се и во ниеден момент никој никој не се обидел тоа да го спречи.
– Инаку, ако земеме список кој сè бил кај не само криминалецот, туку и кај бегалецот Груевски, ВМРО-ДПМНЕ треба да ја затвори партијата, рече Шекеринска.