Македонија 22. јуни 2020. / 19:43

Шекеринска призна дека не сме добиле датум

Шекеринска призна дека не сме добиле датум

Вицепремиерката Радмила Шекеринска на дуелот со Алекандар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ, во „Само вистина“ призна дека Македонија не сме добиле датум за преговори. Николоски упорно ја прашуваше да го открие точниот датум но таа немаше одговор.

На кој датум ќе почнеме преговори, праша Николоски.

Не добивме датум, добивме почеток на преговори на 27 март. Не сум баба Ванѓа ниту пак некој во комисијата не е баба Ванѓа да знае кога ќе почнеме преговори среде корона криза, рече Шекеринска.