Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, попладнево учествуваше на маалска средба со жителите на село Лавци, Битолско.
Денеска бевме во посета на едно земјоделско семејство во Битолско и ги гледаме првите резултати. За прв пат успеваме европските пари за земјоделието речиси целосно да ги користиме. Тоа сакаме да го прошириме во други области, рече Шекеринска.
Шекеринска се осврна на спроведените мерки на Владата во последните 2 години кои парите ги враќаат кај граѓаните, и додаде дека Владата на СДСМ не троши на музеи и лажен барок, туку на водоводи, патишта, реални проекти кои значат грижа за граѓаните.
Целосно го решивме проблемот со стечајците и не дозволивме да се покачи цената на струјата. За прв пат платите растат побрзо од трошоците. Повратот на ДДВ веќе функционира. Ги намаливме казните. Зборот важи, парите ги враќаме назад кај граѓанитем додаде Шекеринска.