Македонија 05. август 2019. / 18:25

Шекеринска: Ова е време во кое правдата стапува на сцена и сме на чекор до ослободување на правосудството од режимот

Шекеринска: Ова е време во кое правдата стапува на сцена и сме на чекор до ослободување на правосудството од режимот

Потпреседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска преку Фејсбук објави дека правдата стапува на сцена и дека сме на чекор до ослободување на правосудството од режимот.

Ние сме пред конечниот чекор за ослободување на правосудството од стегите на режимот кој е зад нас. Сите политички субјекти имаат одговорност да ги поддржат реформите. Ова е време во кое правдата стапува на сцена, време во кое не смее да има штедење во борбата против криминалот и корупцијата. Никој не е привилегиран и никој нема да биде амнестиран, напиша Шекеринска.