Македонија 06. април 2019. / 09:39

Шекеринска откри што сакала да порача со стајлингот на пречекот на Ципрас

Шекеринска откри што сакала да порача со стајлингот на пречекот на Ципрас

При посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас и грчката владина делегација, многумина забележаа дека гардеробата на министерката за одбрана Радмила Шекеринска случајно или беше е во боите на грчкото знаме. Министерката Шекеринска во интервју за „360 степени“ откри дали изборот на гардеробата бил случаен.

2 април многумина го гледаа само низ призмата на посетата на грчкиот премиер и грчката владина делегација, но 2 април е и ден во кога обично во сино се одбележува нашата поддршка на лицата со Даунов синдром. Мислам дека и двете пораки се позитивни пораки, па кој како сакаше коментираше. Сината боја е и бојата на НАТО а нашата желба е да станеме членка и на НАТО и на ЕУ, рече Шекеринска.

Таа искоментира дека за разлика од мажите кои немаат многу избор, жените имаат поголема грижа околу изборот на гардеробата.

Како што рече хрватската претседателка понекогаш и јас би сакала јавноста помалку да се занимава со овој дел, а повеќе на нашата работа, рече министерката која сепак заклучи дека се обидува пораката која има да ја испраќа со зборови, а не преку облеката.