Македонија 22. март 2020. / 11:41

Шекеринска очекува голем број хотели и одмаралишта да бидат ставени на располагање за државен карантин

Шекеринска очекува голем број хотели и одмаралишта да бидат ставени на располагање за државен карантин

Во првиот момент имаме седум капацитети на располагање за државен карантин за болните од корона вирус. Очекувам во периодов поголем број хотелски капацитети и одмаралишта да бидат ставени на располагање, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на прес-конференција за состојбата со корона вирусот во земјава.

-Ќе ги користиме и државните капацитети, како што беше капацитетот во Демир Капија, на располагање во случај на големи бројки е и Пепелиште, без разлика што се работи за војнички услови, меѓутоа исто така сметаме и на неколку од одмаралишта и државни капацитети кои што во рок од еден до два дена ќе ги ставиме во потреба. Меѓутоа очекувам поголем број на хотелски и на одмаралишта да бидат ставени на располагање, рече Шекеринска.

Таа посочи дека не сакале да преземат вакви мерки, но бројката на наши граѓани кои што се враќаат во државата не е мала, а за жал и бројката на наши граѓани кои не ги почитуваат правилата на самоизолација е голема. Во ситуација кога не се почитуваат правилата државата мора да си ги заштити своите граѓани. потенцираше министерката за одбрана.