Министерката за одбрана Радмила Шекеринска нема да сведочи на судењето за настаните на 27. април минатата година во Собрание. Таа за беше предложена од одбраната на обвинетиот Мунир Пепиќ, вработен во МВР
Адвокатот Еленко Миланов на денешното рочиште рече дека откако извршиле увид во исказот на Шекеринска даден пред Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, утврдиле дека овој исказ е доволен и со повикување на предложениот сведок на рочиште, не би имало дополнителни нешта кои би оделе во корист на обвинетиот Пепиќ, пренесува МКД.мк.