Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, во своето гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма истакна дека може да се архивира една од двете стратешки цели на државата за последните три децении и да си честитаме. Таа потенцира дека со членството во НАТО нашата сигурност сега е гарантирана, сеге сме во чадор кој штити една милијарда луѓе и сега треба да одиме кон втората цел, членството во ЕУ.
Шекеринска порача дека членството во НАТО не ни го подаpил никој, туку сами сме го одработиле и со него сме создале имиџ на држава која ги реализира плановите.
– Со ова порачавме дека на нас може да се потпрат, тоа е скап имиџ кој лесно се губи и тешко се печали, но ќе ни помогне во настојувањата за членство во Евроспката унија, истакна Шекеринска.