Македонија 08. август 2019. / 10:14

Шекеринска ќе положи венец на споменикот „Карпалак“

Шекеринска ќе положи венец на споменикот „Карпалак“

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ќе положи венец со свежо цвеќе пред споменикот „Карпалак“ во центарот на Прилеп, во спомен на десетте прилепски бранители, резервисти во Армијата, кои пред 18 години загинаа кај месноста Карпалак.

На денешен ден пред точно 18 години во 9:30 часот, на автопатот Скопје – Тетово армискиот конвој составен од пет возила и 120 резервисти влезе во заседа кај месноста Карпалак, при што биле убиени 10 прилепски резервисти.