Македонија 05. април 2019. / 21:28

Шекеринска: Глас за Стево е глас за сигурен напредок

Шекеринска: Глас за Стево е глас за сигурен напредок

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, попладнево беше помеѓу граѓаните од општина Илинден.

Како што информираат од партијата, на средбите со граѓаните станало збор за досегашните позитивни економски политики, евро-атланстките перспективи, како и можностите за младите што ги носи членството во НАТО и интеграцијата во ЕУ.

Младите се нашата иднина и затоа влогот во нив е влог во нашата иднина, влог за сите нас, за подобро утре. Приближувањето на нашата држава кон НАТО и ЕУ донесе многубројни придобивки за граѓаните, кои веќе се чувствуваат, а со станувањето полноправна членка на НАТО и дел од ЕУ, тие дополнително ќе се инетнзивираат, посочила Шекеринска.

Таа од присутните граѓани побарала масовна поддршка за Пендаровски на претседателските избори:

Стево е гаранција дека ќе продолжиме напред кон ЕУ и НАТО, кон напредок и развој. Глас за Стево е глас за сигурен напредок, глас за обединување и помирување, глас за заедничка безбедна иднина и глас за побрз развој на патот кон ЕУ и НАТО, истакнала заменик-претседателката на СДСМ.