Македонија 19. јуни 2020. / 08:00

Шекеринска: Германија ни понуди лекување на наши пациенти во нивни болници

Шекеринска: Германија ни понуди лекување на наши пациенти во нивни болници

По состанок на министрите за одбрана на НАТО, одржан преку видеоврска, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, изјави дека Македонија добила понуда од Германија за третман на нашите пациенти во германски клиники.

Македонија побара помош за справување со корона вирусот, а Германија понуди опција македонски пациенти со Ковид-19 да се лекуваат во нивни болници – изјави Шекеринска.

Таа исто така соопшти дека на состанокот бил донесен оперативниот план на алијансата за координирана акција во справување со пандемијата на корона вирусот.

НАТО создава заеднички фонд кој ќе ги покрие итните потреби на земјите членки и фонд што ќе се користи за набавка и обезбедување медицинска опрема, но и транспорт на опремата, на пациентите и на здравствените работници. Се договоривме во рамките на алијансата да се создаде резерва од медицинска опрема – изјави Шекеринска.