Македонија 30. јуни 2020. / 14:53

Шекеринска: Дали премиерoт ќе биде Македонец или Албанец тоа воопшто не е важно

Шекеринска: Дали премиерoт ќе биде Македонец или Албанец тоа воопшто не е важно

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во вечерашната дебатна емисија на ТВ 21 порача дека не е воопшто важно од која националност ќе биде идниот премиер на Македонија.

Јас мислам дека конечно е време да се сконцентрираме на граѓаните. Кога ќе чукнете во Инфективна клиника, не е воопшто важно дали ве лечи Милена или Имер. Да се фокусираме на луѓето и да ги оставиме партиските препукувања. Дали идниот премиер ќе биде Македонец или Албанец, тоа воопшто не е важно, истакна Шекеринска.