Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман денеска ќе ја посети Албанија и Македонија. Денеска после падне Грлиќ ќе го посети Скопје каде ќе се сретне со претседателот на државата Стево Пендаровски, а потоа и со министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Претходно, Грлиќ ќе ја посети Албанија каде ќе се сретне со албанскиот шеф на дипломатијата Гент Цекај, како и со претседателот Илир Мета.
Предвидени се и состаноци со потпретседателот на владата за европски прашања Бујар Османи како и со техничкиот премиер Оливер Спасовски.
Европскиот комесар за проширување Оливер Вархели порача дека оваа недела ЕУ би можела да ги отвори пристапните преговори со Македонија и Албанија за неколку седмици бидејќи двете земји добро напредувале во подготовките.
Франција, која ги блокираше преговорите со Тирана и Скопје во октомври минатата година, претходно месецов кажа дека преговорите со овие земји би можело да почнат кога Европската комисија во март би им дала позитивна оценка.