Пратениците кои се претставници на Шарената револуција, гласаа „против” законот за јавни претпријатија, со кој се воведува функцијата заменик-директор.
Шарените, не го одобрија овој предлог поднесен од Александар Кирацовски, Реџаиљ Исмаили, Благојче Трпевски и Јусуф Хасани, а кој се донесе по скратена постапка.
Пратениците Ивана Туфегџиќ, Ирена Стефоска и Павле Богоевски, кои се непартиски претставници во Собранието, во коалиција со СДСМ, очигледно не се согласуваат целосно со политиките на власта, за воведувањето на заменици-директори на јавните претпријатија.
Инаку овој предлог јавноста го протолкува како креирање на место за празнење на партискиот список за вработување.
![]()
![]()
![]()
Освен Шарените, предлогот на СДСМ не го поддржа ниту пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска.
![]()
Инаку законот беше донесен вчера со 50 гласови ЗА, осум Против и еден воздржан.