Македонија 10. февруари 2021. / 11:35

Шахпаска: Ниту Груевски, ниту Заев не им даваат пензии на пензионерите, тоа тие само си го заслужиле

Шахпаска: Ниту Груевски, ниту Заев не им даваат пензии на пензионерите, тоа тие само си го заслужиле

Министерката Шахпаска во утринската емисија на Сител ТВ, зборуваше за измените во Законот за работни односи со кои се предвидува недела да биде ден за неделен одмор, но зборуваше и за пензиите и пензионерите.

Таа на тема пензии и нивна исплата, им порача на пензионерите дека пензиите ќе продолжат да се исплаќаат редовно, зголемени согласно Закон, кое што беше укинато од претодната власт. Тоа значи усогласување на пензиите со растот на тошоците на живот, двапати во годината, раст на пензиите со раст на БДП повеќе од 4 отсто и третата можност за раст е со раст на минималната плата од 15 отсто и просечната 5 отсто.

– Ниту Груевски кој побегна, ниту Заев како актуелен премиер кој се бори во најголемата криза, ниту министерката за труд и социјална политика им ги дава пензиите на пензионерите, тие тоа си го одработиле и заслужиле во нивниот работен век, рече Шахпаска.