Македонија 07. мај 2018. / 14:05

Сестрата на Катица Јанева ем фризерка, ем предлог за висок функционер

Сестрата на Катица Јанева ем фризерка, ем предлог за висок функционер

Лилјана Делиџакова, сестрата на Катица Јанева и кандидатка за заменик директорка на Комисијата за хартии од вредност, лани од Агенцијата за вработување добила пари од програмата за самовработување за – фризерски салон, објави МКД.мк.

На списокот на селектирани кандидати за самовработување Делиџакова е прва од избраните кандидати од Гевгелија.

За изборот на сестрата на Јанева за заменик директорка на Комисијата за хартии од вредност, се огласи Владата.

-Владата на РМ во изборот на предлог за имиња на членови на Комисијата за хартии од вредност, се водеше по принципот кој од кандидатите има соодветно професинално искуство, одговорија од Владата за Фокус.

Инаку денеска Лидер објави документи со кои се тврди дека премиерот Зоран Заев ја предложи сестрата на специјалната обвинителка Катица Јанева за член на Комисијата за хартии од вредност.

Лиле Делиџакова, сестра на обвинителката Јанева, е еден од петте предлози за членови на Комисијата за хартии од вредност, кои со потпис од Заев се предложени до Собранието. Заедно со Делиџакова, на листата се наоѓаат и Зоран Колев, Кирил Јовановски, Душко Гошевски и предлог претседателката на Комисијата, Нора Алити.