Македонија 13. јуни 2020. / 13:15

Сестра на починат од корона со реакција до Филипче: За ова треба некој да одговара

Сестра на починат од корона со реакција до Филипче: За ова треба некој да одговара

Вукица Блажевска од Велес, чиј брат починал од корона вирус му се обрати на министерот за здравство Венко Филипче и го обвинува за лошиот однос на лекарите.

Таа вели дека братот со сите симптоми на корона бил примен во велешката болница но бил вратен дома. Нему една недела не му се правел тест бидејќи лекарите тврделе дека не ги исполнувал условите.

Кога состојбата му се влошила тој бил примен во Скопје, но набрзо починла. Притоа семејството не добило никаква наредба да оди во карантин.

За тест закажан од матична сами одеа и му ги изгубија тестовите и не се дозна какви беа.За ова треба некој да одговара – вели Блажевска.