Македонија 13. март 2021. / 08:05

Серија земјотреси во Мавровско, последниот почувствуван рано утринава

Серија земјотреси во Мавровско, последниот почувствуван рано утринава

Вкупно четири потреси се регистрирани од вчера вечер до рано утринава во гостиварско-мавровскиот регион

Во рок од 11 минути два земјотреси со епицентар кај Мавровско езеро, според Европската сеизмолошка опсерваторија.

Првиот земјотрес регистриран во 22 часот и 17 минути со магнитуда од 4,60 степени.

Вториот во 22 часот и 28 минути со јачина од 4,4 степени по рихтер.

Третиот земјотрес е регистриран рано утринава во 2 часот и 48 минути со јачина од 3,4 степени по рихтер.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека нејзината телеметриската сеизмолошка мрежа вчера вечер во 20 часот и 40 минути, регистрирала земјотрес со епицентар на 50 километри југозападно од Скопје.